Home

Способноста на организацијата да учи и брзо да го претвори
наученото во акција, е најголемата конкурентска предност.

- Jack Welch
НАСЛОВНА ЗА НАС МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ T&П АКАДЕМИЈА ИТ УПРАВУВАЊЕ ПРОЕКТИ НОВОСТИ

» Клучни консултанти

» IQISMS

» ЕУ финансирани проекти

» Деловни можности

» E-библиотека

» Фотогалерија


     Менаџмент академија
     ПРОФИЛ


Мисија на нашата Менаџмент академија

Успехот на организациите зависи од успешноста на луѓето кои работат во нив. Како Менаџмент Академија, нашата мисија е да обезбедиме високо квалитетен развој на капацитетот на организациите кои својот пораст го гледаат преку професионалниот развој на нивните луѓе.

Услуги

Менаџмент Академијата е дел од Трајковски & Партнери Консалтинг кој е посветен на менаџментот и потребите за професионален развој на:

  • Менаџери и професионалци од Секторот за мали и средни претпријатија и Јавниот сектор
  • Менаџмент консултантите
  • ИТ менаџерите и професионалците
  • Проектни менаџери, професионалци, асистенти и вработени во интернационални организации за развој

Менаџмент Академијата на Т&П нуди 4 вида на обуки:

  • Отворени обуки – јавно објавени обуки – општи обуки со претходно дефинирана програма наменети за менаџери и професионалци од различни области
  • Високо специјализирани менаџерски и технички обуки – обуки во областа на ИТ Владеење, безбедност на информации, управување со ИТ услуги и сл.
  • Затворени обуки - специфични обуки побарани од одредена компанија или обуки како резултат на анализа на потребите за обука на пазарот. Обуките се специјално дизајнирање за конкретна компанија.  
  • Обука и советување на работно место – обука како составен дел на консултантски проект (обуки на специфични теми поврзани со конкретен проект, обуки на работното место)  Интернет базирани обуки

 

Нашите обуки опфаќаат различни теми, како што е преставено на сликата, но оваа листа не е конечна со оглед на тоа што го креираме тренингот заснован на вашите потреби и имајќи ја во предвид бескрајната листа на наслови и поднаслови кои и овозможуваат на вашата организација да се здобие со бараните вештини и компетенцииbut
Темите на обуките се базираат на најдобрата светска практика и на одредени полиња на специјализација кои се бараат од страна на конкурентните менаџери и професионалци.

Т&П Менаџмент академијата испорачува „готови (off-the-shelf)“ и „специјално дизајнирани по барање“ работилници.

Каталог на обуките на Т&П може да најдете на следниов линк: Каталог на обуки

Обуките на кои ќе се фокусира Т&П во следниот период се претставени во делот за  Стратешки насоки на Менаџмент Академијата како и подетално во каталогот на обуки

 



Copyright © 2011 Трајковски & Партнери Менаџмент Консалтинг | Политика за приватност